редок (прид.) - пријател (имн.)

Без оглед на големата приврзаност, овие ретки пријатели не беа сосема слични меѓу себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога ја отвори вратата, сега без изненадување, го здогледа својот прилично помлад колега Никола Гологанов кој му беше еден од ретките пријатели со кого со предизвик и задоволство ги споделуваше своите либерални сфаќања во текот на децениите на строго контролирано мислење и говорење.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но таа измислица е толку глупа, и истовремено, гнасна и непристојна, што јас дури сметам дека не е потребно таа да се опровргне пред просветените читатели, на кои, без сомневање, им е познато дека само вештерките, и тоа, мошне малубројни, имаат опашка одзади, а кои, впрочем, повеќе му припаѓаат на женскиот, отколку на машкиот пол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)