Во 476 германскиот платеник Одоакар го соборил последниот римски цар Ромул Августул и со тоа престанало да постои Западното Римско Царство.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Потоа нѐ водеа во градот да видиме една малечка сфинга од црн камен донесена мошне одамна од Египет, гробница на еден римски цар претворена во црква, споменик на кој еден калуѓер го креваше, високо, со закана, својот показалец.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Имаше сплескан профил на римски цар од стара бакрена пара и тврди раце, и мавташе како мелница погодувајќи со секој удар.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)