Колку да му беше мило во татковата родна куќа и во родниот град Кукуш, пак срцето не го трпеше.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Време е, синко, време! - одговори татко му и нареди дома сѐ што е потребно да се подготви.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Немајќи избор, заедно со четиричленото семејство се врати во родната куќа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во Историскиот музеј апсолутен приоритет има прикажувањето на експонати од животот и делото на Водачот, макар што во родната куќа во Ѓирокастро постои и музеј кој му е специјално посветен.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Запревме пред мојата родна куќа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тука, кај тој круг, беше куќата на Борко, Неговата родна куќа. Таа куќа, како и целиот Долнец, е под вода.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Најчесто во сон, откако тајно ќе ја минам границата се упатувам во мојата родна куќа крај езерото, која веќе не постои во реалноста.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И еве ми иде мене веста како најстар и меѓу последните, за смртта на тетка Фатмира, последната најблиска од татковата генерација, на оваа и на онаа страна од границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тој не ќе може да го одреди ниту просторот на својата родна куќа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
По војната од својата родна куќа ја откорнале, па кираџика во родната куќа ја приморале да биде.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во егзил силно и постојано се сонува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ја минувавме границата, го стигнувавме на брегот на неговиот пристан, крај нашата родна куќа...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Зголеми го растојанието, пламни
од долгото гледање во истиот свет, овој свет
од беглиот допир со стварноста
- од нејзината развратност, од нејзината понорност
од таа скривница во сударот со измисленото
од таа родна куќа, тој нерешлив спор
меѓу сонот и јавето –
побегни толку далеку што да истинеш од желба
да се вратиш, оддалечи се толку многу
што да немаш кога, што да немаш младост
да се вратиш.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)