Ќе остане да го живее ропскиот живот како дедо му на Адемовиот чифлик", — си мислеше Толе и веќе го гледаше како и тоа, како деда му, оре, копа од зори до мрак на чифлигот и оди гол и бос, гладен накаран и напсуен од агата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така, возбудите околу тоа на кого ќе му биде доделен Имотот за да управува со него, и возбудите околу злосторот почнаа да спласнуваат, а жителите на Потковицата, христијаните, под постојаниот товар на ропскиот живот, грижи и страв за поминокот, и спахиите под товарот на постојаните благувања, почнаа да го забораваат Владимира Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Затоа и сите чифчии денеска стоички го поднесуваа припекот на сонцето и чекаа да се стемни за да се вратат во своите кошарки по чифлизите и да го продолжат ропскиот живот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)