За жал, аргументите што ги потегнуваат националистите, шовинистите и фашистите, народот сѐ уште ги смета за правилни, бидејќи толку се запарложил во својата мрзливост што едноставно му е премногу да мисли, расчленува, да ги динамизира психата, општеството, самиот живот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Целта на сите овие ритуали, конвенции, маскирања, собирања, системи од правила и приоди, е еден од парадоксите што самиот живот го воздигнуваат до уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Само новото советско општество создаде објективни историски услови кои му овозможуваат на педагогот да мине од теоријата во практиката, од чистата и проста конструкција што ја нуди самиот живот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во тој вид раскажувачка постапка најпрво ни се сугерира впечатокот дека сето она што го читаме е автентично, дека книжевниот свет на Чинго е изграден врз претпоставката на вистинското постоење на неговиот стварен образец во самиот живот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Затоа е во неговата проза присутен и оној суптилен хумор, онаа блага иронија со која се говори за настаните што Чинго ги презема од самиот живот но ги трансформира во сцени кои, без магијата на јазикот, би биле секако неверојатни.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Присуството на мајка ми го тераше да размислува за козите не само филозофски туку и крајно конкретно, реално, каков што беше и самиот живот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но зарем сега да го мачи Чанга со своите мисли за апсурдот, кога говореше самиот живот?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сѐ исчезнува во пламенот на сексуалната Љубов: уметноста, науката - како и самиот живот”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Леонардо пишува: „Кога Љубовниот чин од двете страни се изведува со голема Љубов и голема страст, синот ќе поседува голем, духовит, жив и Љубезен интелект.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)