Луѓето од фирмата ветија дека до доцната пролет, кога ќе може без пречки да се работи, ќе ги проучат уште еднаш детално нацртите и ќе додадат сѐ што би било потребно, за да не се направи некаков пропуст и уште дадоа гаранција оти ќе одделат доволно машини (се рече дека ќе се ангажираат три копачки машини „мерцедес“ марка: едната за теренот во планината, другата за делот од планината до селото, и третата за во самото село) и доволно луѓе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Во случај да се прогласи за туристичко“, продолжи тој, „и државата и самото село, самите луѓе што живеат тука, ќе имаат профит.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На едно возвишение на запад, кое доминираше над Маказар, се поставија параметрите за централниот резервоар (седумдесет илјади литри), а потоа почна исцртувањето на мрежата во самото село.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)