Заповед. Ти кој си кадија, ни пиша во писмото, дека Димитрија Стале од село Сатока, поп Димитрија, Мате Никола од село Пешино, Стојан Пејо и поп Јаков од Старавина биле разбојници и по нивно наговорување населението во прилепската нахија се кренало и бидејќи тие не се потчинале на законот бевме испратиле свето решение за нивното фаќање, но тие избегале.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Честите царе, сонце наше сјајно! Го добив твоето свето решение од 30 шевар 959 год. и се зафатив со работа да ги фатам и покорам бунтовниците, но нивните водачи избегаа во големите планини и оттаму ја бунат и понатака рајата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
СУЉ-АГА СЕ ВРАТИ од Истанбул по истиот пат по кој и отиде и му го донесе на кадијата, тој веќе беше пооздравен, светото решение за фаќањето на бунтовничките водачи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)