Најголемиот дел од нив, со чесни исклучоци, се само безгласни приврзоци на системот кој, преку структурно насилство, продуцира сиромаштија и нееднаквост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Всушност, диспаритетот во моќта на пазарењето меѓу работникот и работодавачот е уште понагласен со енормната разлика во богатството и општественото влијание на договорните страни – но, нашите кутри судии, сепак, не сакаат да бидат социјални реформатори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Впрочем, тие со својата манифестирана бесчувствителност, со својата пасивност и со својот шематизиран и извештачен правен пристап, потајно и се залагаат за оваа status quo позиција – оти најчесто „тие ги одбираат овие професии не со цел да им помогнат на другите, туку да се збогатат“ (Ганди).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)