И има ли прошка кога чиниш зло само затоа што ти е страв од уцена гнасна, само затоа што за животот свој се боиш? Но: колку вреди твојот живот без правда да вршиш?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се топи бакарот во звучниот тас на езерото течејќи од сонцето кон нас но моравото небо од црниците на Радожда со пепелта своја се постила.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
121. Националниот сепаратизам се должи на српски воспитаници идеалисти што работат под српска маска, а во душата своја се признаваат за Македонци; српските воспитаници, со своето образование во Србија, се образуваа во национален дух, наместо во национален индиферентизам во Бугарија, иако некои од нив целосно не престанаа да се викаат Бугари, но меѓу нив и Македонците со чисто бугарско образование и самите Бугари се отвори една голема пропаст: тие со своето образование застанаа на средината меѓу Бугарите и Србите, т.е. викајќи се по традиција Бугари, тие престанаа да се такви во својата душа: тие станаа Македонци.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)