Размислував уште, додека се оддалечував од реката, од големиот плоштад, дека Татко никогаш во животот не ни го наложуваше својот авторитет, својата судбина, како можна, патријархална парадигма што треба да се следи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И сега, на овие верници во два бога, во идеолошкиот и во религискиот, требаше да им го наложи својот авторитет.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Продолжуваше, осуден на повеќеслоен егзил, да се провлекува по маргините помеѓу двата света, успевајќи длабоко да проникне и во едниот и во другиот, но без да го наложи својот авторитет за тие, докрај, да се дообјаснат и да се дооткријат меѓу себе.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
За несреќа, тој во ова не гледа никакво ограничување во својот авторитет за да ни каже што се, а што не се компјутерите во состојба да направат.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Дождот толку цврсто го воспостави својот авторитет што секое живо суштество остана во своето живеалиште.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во своите анализи експертите на Форин офис сметале дека таквата федерација би требало да се формира под контрола на една од големите сили, па дури својот авторитет таа да го наметне и со помош на принуда.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Таквите размислувања на британските политичари и дипломати се должеле главно на тоа што на настаните на Балканот тие им приоѓале од догматско становиште, а притоа биле полни со предрасуди кои докрај им го замаглувале објективниот увид во тој многу сложен проблем.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Уште повеќе што и неговиот претставник во Македонија, Светозар Вукмановиќ-Темпо, според изјавите на Меклин, на митинзите во Македонија, а посебно во говорот во Белград на Првото заседание на народното ослободување на Србија, недвосмислено истакнал дека Македонија, според сето она што го видел, треба да се обедини, бидејќи тоа го барал народот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, му ветил на Меклин дека тој ќе го вложи својот авторитет да им се стави крај на таквите активности.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Џон не се согласувал со соопштението, па ги повикал моите претпоставени од управата со својот авторитет да го решат прашањето и, најенергично, апелирал да го откажат предметот и да го тргнат од студиската програма на Катедрата за англиски јазик.
Дотука немаше ништо необично во пораката од Џон.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Колку што чувствуваше неговиот професор и ментор дека му се измолкнува од рацете, толку повеќе Миха уживаше во својата слобода, кога барем ќе ги одбира оние авторитети, свои авторитети, на местото од оние што му ги наметнува фамилијата и кариерата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сè што можеме да направиме е да ги разгледаме различните можности. Дали сугерирате прифаќање на контингенцијата како начин за кутивирање на односот на солидарност? Да, но се зборува за толеранцијата кон различното и тоа е крајно сомнително прашање.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Општествените научници што го користат својот авторитет за предвидувања, претставуваат само лажни профети.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не сакаше премногу да ризикува, да губи уште од својот авторитет, кој беше видливо разнишан од овие козари.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Четворица полицајци стоеја во аглите на оградениот простор со жолти ленти околу зглавките на рацете за да го истакнат својот авторитет над луѓето.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Досегашното искуство покажува дека припадниците на видовите повеќе се склони да страдаат, бидејќи злото носи страдање, отколку да ги отфрлат формите на кои се навикнати.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сметаме дека следниве вистини се очигледни: -Дека сите видови се создадени различни но еднакви; -Дека сите се дарувани, секој посебно, со одредени неотуѓиви права; -Дека им припаѓа Слобода да живеат, Слобода да се Развиваат и Слобода да бараат Среќа на свој сопствен начин; -Дека за да ги заштитат овие од Господ дадени права, социјалните структури природно се појавуваат, засновајќи го својот авторитет врз принципите на љубов кон Бога и почит кон сите форми на живот; Кога која и да е догма на владеење ќе стане деструктивна по животот, слободата и хармонијата, органска должност на младите членови на тој вид е да мутираат, да исчезнат, да иницираат нова социјална структура, поставувајќи ги нејзините основи на такви принципи и организирајќи ја нејзината моќ така што ќе биде можно да се произведе сигурност, среќа и хармонија за сите живи суштества. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 61
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Генетската мудрост сугерира дека социјалните структури, долго градени, нема да бидат отфрлени заради неважни причини и минливи цели. Екстазата на мутацијата е балансирана со болката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)