Началникот се израдува и испрати еден од своите агенти и еден жандармериски офицер, и за два дена Ѓуро се најде во окружното началство.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Со денови, со недели, и предпладне и попладне – го почна своето раскажување тогаш осумнаесетгодишната автоматичарка – дека не сме ја изгубиле оружената борба, туку привремено ја прекинавме поради предавството на Тито кој во нашите редови уфрли свои агенти и шпионони и потоа ги затвори границите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Британскиот оддел на СОЕ, кон крајот на 1942 и почетокот на 1943 година на територијата на Македонија имал свој агент по име Глигор кој уште во текот на јуни 1942 година се сместил во Скопје и одржувал врска со Истанбул. 58
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Комитетот, со други зборови, бара европските влади да гледаат на работите во Македонија со македонски очи, т.е. со очите на комитетот: а да беше така работата, немаше зошто европските влади да имаат свои агенти во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)