Секаде е повисок од својата височина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
да не испадне нашиот брак реакционерен, велам, ние и така сме прогласени за реакционери, вели Макаровски, и само ги врти граорестите очи покрај стрмниот нос, му потпукнува некое старо пламенче во нив, му пламти, а тој само оди, тумара, поднаведнат од својата височина, оди на едно исто место, а секогаш различно под него,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Израснуваа над него, во сета своја височина, четворица луѓе, од сите негови четири страни, а после се наведнуваа и го спуштија врз тврдината на смрзнатиот снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тие притискаа, а не беа од никого притиснати, та дури и утрешната магла ја избегнале со својата височина над чифчиските кошари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тие, инаку, до најгорните свои височини претставуваат една целосно населена област, која условно е испокината од самата граница.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Изгледаше дека сивото зимско небо ги напушта своите височини и целото слегува по ридјето, падините, доловите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Маркос, исправен на сета своја височина, длабоко влечејки од штотуку запалената цигара, гледаше на картата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)