Истапувајќи за неговите цели и задачи пред другарите гласно зборува: „Братска слобода, таква слобода и држава, каде луѓето ќе живеат братски, држава без цареви и кралеви, султани, паши, аги и бегови, Држава еднаква за сите вери и народности“.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Дури по долго време и со убедување на учителот, ќе ја согледа својата грешка, и ќе го испрати потоа на школување во Солун.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Само со знаење и просветување, само со културна работа ќе може нашата интелигенција да ги поправи и да ги искупи своите грешки пред нашиот народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ослободените „братушки” сега не сакаат да си ги признаат своите грешки; ете зошто изјавуваат дека тие се сите русофили, и дека го милуваат рускиот народ, но не ја милуваат руската влада, која не ги изразувала народните чувства кон Македонците и негативно се однесувала кон секоја искажана од народот симпатија кон нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Секој треба да се носи со своите грешки и порази, а другите се тука за поддршка, но не и за да се злоупотребуваат и да бидат нечии робови или жртвени јагниња.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Фан Ноли не беше светец, имаше и тој свои грешки, но ние не можеме да ја прифатиме неговата верска определба и покрај сите негови заслуги како државник, писател и преведувач! – продолжи А.А.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А, сепак, секој има право на своја грешка, на своја тага, на своја болка.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И блажени се оние што не бегаат од своите грешки, туку со нив се соочуваат и ги надминуваат единствено со силата на љубовта кон блиските свои, оти само љубовта го проштава гревот, без притоа да го заборави, зашто сеќавањето на гревовите кои љубовта кон блиските им ги простила нѐ учи каква е таа во својата вистинска природа“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И знаеше дека така, искрено, преку признание на своите заблуди и исправање на своите грешки, со соголување на душата своја пред верните на Христа, единствено и може да ги пишува своите писма до нив.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Само преку подоцнежното спознавање на големината на своите грешки, слепиот човекот прогледува, и само така може да биде подобар, па така и поблизок до Бога.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Можат ли да ги видат своите грешки и по истите да се корегираат?
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Веќе беше доцна да ја исправам својата грешка, својата брзоплетост.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Беше си се замислил за сето што го преживеа последниве денови, а во душата го копкаше мисла за својата грешка што го застави да избега од домот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Вие успевате да откриете од макабричната повест во Атеистичкиот музеј дека татко ми запрен во Скопје, во својот неизвесен балкански егзил, всушност на свој начин, предупредуваше дека нема враќање од егзил во родната земја, за да ја признаам својата грешка пред неговиот гроб.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
- Браво! Браво! викна мајорот. - Најпосле ја сфати својата грешка... Браво!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тешко си ги согледуваме своите грешки и слабости, па ако учителот не ви ја даде оценката што ја очекувате, лути сте му, мислите дека ве мрази, дека ве зел на заб и слично.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Метафизичка метафора, политичка метафора, Патот на јагулите престанува да биде итинерер на индивидуи за да стане итинерер на човештвото, со свои избори, свои колебања, со свои грешки.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)