свој (прид.) - дрво (имн.)

Исус ги успива Света Елена и Мајка Тереза, Носи жолта кошула и самотник Во своето дрво создава зелена светлина, Северници и секавици.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Беа сами. Беше и тој сам на своето дрво. И волкот беше сам под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остана, со пушката в раце, зад своето дрво и бел в очите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од своето дрво сега можеше да им се заканува на сите оние растерани дивинки, кои мораа да го остават мирен барем малку време.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остануваше меѓу сувите лисја на своето дрво, наеднаш притивнат до последната граница на притивнувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
(Куќата на Андреевиќ. Димитрија го делка своето дрво, Ацо и Андреја разговараат, Марија гледа во карти, Вера пее, Симон спие.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сите тие денови, за сите тие лоши, зимски денови, колку да беше времето проклето, сеедно дали дуваше северен, мразен ветар или паѓаше голем, црн снег, јужен, Кејтеновиот син се крадеше од домските простории и сеедно со своето дрво се прикриваше во некоја дупка, во некоја темница.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)