Гале и Раде исто така го напуштиле своето живеалиште и прешле преку Црна, та едниот ги удрил темелите на сегашното село Галишча, а другиот — на Радобил кои, ете, биле крстени на нивните имиња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Новите граѓани беа како старите селани: ги поттурнуваа вечните од своите живеалишта, имајќи го на ум својот спокој, а немајќи многу почит кон туѓиот мир.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Е тие, мали, ситни, дребни заморчиња на природата (иако не беа вистински заморчиња, туку јас така гледав на нив) еднаш се обидоа да излезат од својот фантастичен свет и да ги прошират своите живеалишта и на другата страна од автопатот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Дождот толку цврсто го воспостави својот авторитет што секое живо суштество остана во своето живеалиште.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)