свој (прид.) - одговорност (имн.)

Можеби взаемната доверба е само добронамерен сојузник?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Би требало поединецот да се претвори во роб на својот идентитет, својата волја, својата одговорност и својата желба.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Толе му стави до знаење што го чека во случај да го предаде и се раздели пријателски, дури оставајќи на дизгот во црквата десет лири пари, што ги собра летоска од црквите по селата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ина уредила вечерта да настапам со својата точка, во паузата на програмата; директорот ми рече дека настапувам без никаков хонорар и на своја одговорност; се согласив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Или размислите за надополнувањето се сведуваат на намера а намерата и ја препушта својата одговорност на случајноста, таа да ја оствари или да не ја оствари реализацијата?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со оглед на своите одговорности во црквата, во кои спаѓаа раководната улога во однос на христијанското воспитување, неколку часови проучување на библијата и неколку групи за меѓусебна поддршка, учество во добротворни служби како Грижа за Членовите, Молитвен Ланец, и Превозници на Оброци, на Сузан преостануваше многу малку време да готви, или пак да вечера.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се вгледуваше во минатоста и го бараше таму скриениот дел од својата одговорност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А не дека нема „згоѓа“, дури два електрични, ама на едниот не му работат ринглите, а другиот нема гајтан на трофазна, па, на своја одговорност, ако сакаш дур’ да дојде Климе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Едно, што го гризеше совеста за она што го направи пред два три месеца кога ги предаде четите на Маргара; а друго: со ова сакаше да го задолжи Толета и да ја ублажи својата одговорност ако излезе еден ден на видело предавството.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)