Наведнат над листот, се напрегав да ја следам мислата и да го дофатам зборот со сиот волумен, широк и дрочен како големата дрочна месечина што виси ноќва над Маказар, „селото со седумдесет куќи и двесте и осумдесет жители“, како што пишуваше во својот патопис Јохан Барт, сместено одамнина крај стариот пат Виа Игнациа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во својот патопис од 1863 година, Јохан Хан вели: „Од 60 куќи на Долнец, дваесет се куќи на вдовици, на сираци и на сиромашни...“
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)