свој (прид.) - плеќи (имн.)

Таквите капетањи, кои товарот на војната и отпорот го понесоа на своите плеќи, Захаријадис не ги трпеше.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Колку сме жртвувале за нешто вредно, што било грев да се изгуби, толкава одговорност ќе превземеме на своите плеќи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секој со нарамокот товарен на своите плеќи, итаа што побргу да се ослободат од него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Изгорена беше еднаш, а тоа е доволно за годините што ги носиш на своите плеќи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Што се тоа светулки? – праша Дена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Најмногу сакаат да летаат врз крилцата на светулките и секогаш кога во Маврово ќе видиш светулка, да знаеш дека таа носи по еден трол врз своите плеќи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пазариштето беше полно со секаков крупен добиток, та одвај ја држеше земјата на своите плеќи Тешко ѝ беше на земјата да ја издржи таа тежина, но уште потешко им беше на луѓето да го издржат жешкото јулско сонце кое уште од изутрина почна силно да пече.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Стариот Бургиба набргу целосно ќе се смири и ослободи од фантазмите на власта, ослободувајќи се и од митскиот товар на нацијата да го носи вечно врз свои плеќи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ридот е висок сè додека не доползи до неа како огромна мачка што своите плеќи ги нуди за милување.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Макар што Татко, уште пред да се жени и пред да замине за Цариград, ги имал земено врз свои плеќи сите товари на семејството, сега, по смртта на својот татко, се соочил со сите други тежини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мојот братучед во квечерините ја симнуваше планината на своите плеќи и лежејќи на сламарникот со лицето нагоре врз кој само што не паднале налепените весници од таванот и оти во мислите бегаше до долното предградие каде што фодулка ја доеше малечката со козјо млеко и оти со очите сакаше да го продупчи таванот и бетонот и да стигне дури до лешочките шуми кај својата марија и оти и којзнае дали знаеше дека седам на штицата спроти него со нозе во меката коса што ја отсекле ножиците на нанчо од главите на бегалците тој напати мласнуваше скрцкуваше со забите како да дроби нешто и не слушајќи дека го прашувам дали нешто знае за оние од брегот на реката ама затоа пак ме слуша нанчо кој се врти околу една жолта тиква од која одлупува портокалови шлупки и вели ах оние мајмуни оној стар прч везден што молчи оној со долгиот врат кој како да му е врзан за половината и она детуле со 60 okno.mk бела коса што везден му седи на рамењата да вели нанчо ги знам како не ќе сум ги знаел сите ги знаат оти везден се прпелкаат во песокот и долу во косата паѓа уште една портокалова шлупка и продолжува нанчо живеат откаршија на она коматче бетонска плоча што стигнува до ќошот и се имаат заградено со црна книга скинати вреќи и ламарина и молкна а продолжи само неговото штрак штрак штрак и жолтата глава веќе не беше жолта туку којзнае каква со голем трап по средината на вратот и трапот се качуваше до врвот на главата и додека помислив дека таа глава ќе почне да вреска оти е така страшно нагрдена нанчо помина со малечка метла преку неа по вратот и рамењата и од столот стана една голема снага ги исклешти забите во мене и во братучедот кој веќе пушташе писки низ носот сполајти му рече на нанчо спуштајќи му книжна пара во раката па одвај успеа да се протурка низ малечката врата и додека вратата беше отворена во слабата светлина на денот што си заминуваше привидов нешто како голем сандак обесен под најгорната плоча и една дебела ортома што се спушташе дури до земја ете таму живеат вели нанчо и дебелана ортома што ја гледаш ама не дорече оти братучедот се беше степал со некого во сонот па мавтајќи со рацете скокна од сламарникот рече бре да така вие со мене и после не сакаше да каже кој му се пикнал во дремката истрча од одајчето на нанчо истрча во крајот на денот а по него и јас и се вративме зад насипот да ја преспиеме ноќта врз најгорната плоча под самиот опул на ѕвездите
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)