свој (прид.) - правец (имн.)

Секој си имаше свој правец во размислувањето за јаничарството од кој не сакаше да отстапи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега и се стори дека дождот го измени својот правец шибајќи косо и спирално.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зошто го правеше тоа толку усрдно не би знаел да одговори, но им се препушташе на случајностите, зашто и за нив научи дека си имаат секогаш свој правец.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се поздравија, Тодор замина, а Петар и Костадин ги облекуваа палтата и шеширите сѐ уште длабоко внесени во разговорите, излегоа од бистрото и заминаа секој во свој правец ....
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Видот на луѓето имал сила да наголемува: секое влакненце на крвавото лице, од увото до гркланот, имало свој правец, своја боја, свое движење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа клопчето мигум се размотуваше и секој одделно сосема сам појадуваше по некаков свој правец.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Човекот и со десет животи ќе бил веќе мртов, и со дваесет, и со повеќе, но продолжувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По малку вовчето го измени својот правец, па пак застана.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој не шетал по странското без своја насока и без свој правец и не земал било што и од било каде.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)