Како од наша страна ветуваме дека ќе сториме сѐ за нејзиното почитување и нема да дозволиме да биде било како кршена.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Господ има свои пратеници и во Пеколот!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Од овие причини, откако според мислењето на владарите од наша крв со другите владари и почитувани од нашето кралство и другите важни и угледни лица од државниот совет што беа присутни, добро и совесно ја разгледавме и проучивме цела работа, со оваа изречена, прогласена и наредена конечна и неотповиклива одредба изјавуваме, прогласуваме и наредуваме:
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Австроунгарската влада, сфаќајќи ја мошне сериозно диверзијата извршена кај Ангиста, му дала инструкции на својот пратеник во Софија грофот Форгач да ја предупреди бугарската влада дека таа ќе биде сметана за одговорна за било каква натамошна штета од ист вид нанесена врз имотот на било која австриска компанија во Македонија95.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Им кажа дека англиската влада - по добивањето на извештајот на својот пратеник кој навел дека бил воодушевен од глетката што ја видел во манастирот на чиишто патронен празник присуствувале преку петнаесет илјади верници, и дека манастирот е духовен центар на целиот крај - побарала Конференцијата на амбасадорите одново да ја преиспита својата одлука.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во оваа прилика, кога се работи за мошне важна работа што вреди добро да се разгледа, откако ги прегледавме книгите на жалби на нашите католички поданици и откако им дозволивме на своите поданици на споменатата вера, што се прогласува за реформирана, преку своите пратеници да ги соберат и да ги посредуваат своите книги на жалби и да ги соберат сите свои забелешки, и врз основа на тоа со нив повеќе пати ги споредивме и ги прегледавме претходните одредби, оценивме дека е сега потребно да се даде за сите заедно на сите наши поданици општ, јасен и сѐопфатен закон, со којшто ќе бидат уредени сите спорови што до сега се појавиле меѓу нив и ќе се појавуваат и понатаму, и со којшто ќе биде можно да се задоволат и едните и другите, колку тоа во дадените околности ќе биде возможно. што се однесува до нас, поради тоа што оваа одлука ја донесовме само од желбата да му служиме на Бога и со намера сите наши поданици и понатаму да можат да го почитуваат и да склучат меѓу себе цврст и траен мир, понизно ја молиме Margina #32-33 [1996] | okno.mk 93 Неговата божја милост за еднаква заштита и наклонетост, што секогаш видно ја доделувал на ова кралство од самото настанување и сите овие долги години што ги достигнало, и да им наклони милост на нашите поданици, за добро да разберат дека почитувањето на оваа наша одредба (по тоа што е нивна должност кон Бога и кон сите) е главен темел на нивната врска, соживот, мир и спокој и повторното уредување на целокупната држава во првобитниот сјај, изобилство и моќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)