свој (прид.) - предност (имн.)

Урбаната форма ги покажува своите предности како “собирник на сите содржини”, вели Лефевр.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ми помагаше лицето на Катерина. Навистина си вообразував дека нејзино лице е читлива книга!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше подзастаната. Оставаше впечаток дека всушност си ги набројува тие свои предности, а јас, уверен во ваквите нејзини размисли, всушност само ѝ помагав во разлиструвањето на тој нејзин тефтер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Наместо таа да ламентира заради ова, јавната уметност може да ја искористи оваа маргинална позиција во своја предност:
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Буџетот за архитектура е сто пати поголем од буџетот за јавна уметност, бидејќи една зграда обезбедува нови работни места и производи и услуги кои ги зголемуваат финансиите на градот...
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Таквиот живот имаше свои предности. Нацртан како дете, З не старееше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во нивните неволни утврдувања на состојбата на нештата повеќепати е можно да се осознае цврстата убеденост и верување во неспорноста на својата предност, што е воедно и мисија на нејзиното потврдување, а од друга страна пак чудење и збунетост при наполу изреченото прашање: Како тоа, тие таканаречените “алтернативни науки” на толку луѓе така успешно им ја окултираат Вистината?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Феноменот е дотолку поинтересен, затоа што алтернативните науки во голема мера се прекриваат со појавата, која што со други зборови се нарекува “new age” или “нова духовност” и им се пика в нос особено на традиционалните цркви.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И покрај тоа што на страната на “службените” вистини стои целиот школски систем?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)