Тие народи не знаат за слободен дијалошки живот, живот со својот противник.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Византијците сите свои противници, т.е. и Србите и нас, ги викаа Срби. Малку по малку тие нѐ прекрстија од Бугари на Срби.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Затоа го оставаме да си тече во некој свој (некаков?) ред. = циклично време = Ова време започнува од моментот, кога громовникот Indra го уби својот противник, змејот Vrtra - во термините на IE митологијата: момент, од кого започна првиот вител на цикличното (кружно) време.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но што беше пред громовникот да го убие својот противник, пред митолошкиот Биг Бенг?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Овој гледа некое време и го слушам, вели: - Селото гори, баба се чешла! – вели првиот и додава, му се обраќа на својот противник: - Што велиш, да ги спастриме прво нив па после јас и ти да си го видиме алот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Во паничен страв се стаорците и го забораваат својот противник.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Александар со горчина констатираше дека неговиот татко е типичен пример за тоа како режимот на Стојан релативно лесно ги решава проблемите со своите противници...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Попот го остави алатот на клупата, која му се служеше и како стол и како тезге за работа, поинаков, скоро непознат, без магија, во стари панталони и во кошула со многубројни риги: го загледува довчерашниот свој противник и сака да му ѕирне низ очи во душата, да најде што смислил тој и не му готви ли примка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тој е водач на една одлична банда и нему на крај памет не би му паднало да оди на гости кај својот противник.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Така зборуваше брат ми Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Целиот свој живот преку своите дела брат ми се обидуваше да докаже дека есенцијата на човековиот род е вината: секој беше виновник, затоа што секој некогаш бил дете, а секое дете во натпреварот за љубовта на својата мајка ја посакало смртта на својот противник - таткото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)