Слободен сум од своето раѓање, можам да бидам слободен и од својата смрт, во истата таа смисла.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Прашања безброј! Одговорот требаше да го бараат во секој збор, замислувајќи го како живо суштество, со свое раѓање, живот и исчезнување!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имено, аргументот за приватниот јазик вели дека јазикот не може да биде логички приватен, т.е. да може да му биде познат единствено на оној кој го употребува.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тврдењето дека јазикот не може да биде логички приватен не е тврдење дека тој е логички јавен, бидејќи тоа ја остава отворена можноста за контингентна приватност, т.е. можноста за некој Робинзон Крусо напуштен на некој остров од своето раѓање, кој сепак преживува и во текот на растењето развива јазик.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Крвта што човекот ја понесува од своето раѓање ја има за целиот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Темното што го носевме во душата од жал по најблиското што човекот го има со своето раѓање - мајката, ништо не можеше да го покаже.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Колку само сѐ е банално, рече неговиот пријател, колку се излитени улиците по кои секој ден одат на училиште, колку се здодевни нивните животи стегнати во вечно повторливото секојдневие на провинцијата во која сме заробени со своето раѓање.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Не знам зошто но тој негов хубертус ме потсети на оние исклучителни знаци што луѓето си ги носат од своето раѓање и никогаш од нив нема да се ослободат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Седна спроти мене, го отвори Вечер и го повлече показалецот под еден од насловите на дното на страницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Примерен, благороден татко, се колнам, би можело да се рече дека тој не беше толку штура природа, така скроена од своето раѓање.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Слободен сум од своето раѓање, можам да бидам слободен и од својата смрт, во истата таа смисла.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Лажно его -Лажното его е изѕидано од сликите што го гледал, звуците што ги слушал од своето раѓање, до мигот на неговото разоткривање – продолжи старецот. – Растејќи, човек создава свое сопствено мислење за светото околу себе.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)