Ѕидниот часовник – Предел во кој да ги распознаеш сите божји состојки од кои растат децата и цветовите; Поштарот кој среде летен дожд тропа на вратата и го довикува твоето име; ветровите што го менуваат правецот на корабите; воин од кој е останата само бројка врежана на неговиот череп; иницијали на ѕверови престорени во болки и во гранчиња; калуѓери што се движат по работ на морето и бараат пусти земји за молитви и мир; Елена на топлата постела на првата вечер; потомства што ќе ги остават своите ребра покрај ребрата на своите татковци; записот оставен врз плочата над нас.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Гледај, Оче Симеоне, тој нема една нога и свири на своите ребра.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Едниот рог заорал по тврдата земја. Животното се обидело да воздивне воздух и да го отфрли од своите ребра мачителот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Август Рицман свири на своите ребра како на жици.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Под прстите му се лизнала леплива топлина без мирис и без боја под неговата сенка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)