Секако дека можеме да се повлечеме во своето ќоше, што и правиме, и да говориме сами со себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Направи движење кое го сфатив како: сѐ е во ред.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ете го како се лула во својот стол, пушејќи лула, чекајќи да престанам да се нарвирам.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тахир-бег Јаузоски, Мустафа Салиоски и Костадин Дамчески, силно возбудени, стануваат и секој го турка својот стол нанапред, за да седне на него Лазор, но Максим и Јосиф, двајцата во еден глас велат Вие само седете си, Лазор овдека ќе седне.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И го седнуваат Лазора на столот веднаш до вратата, спроти сонце, а потоа и тие двајцата седнуваат на столот, едниот од едната другиот од другата Лазорова страна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во еден момент на разум Винстон забележа дека и тој вика заедно со другите и дека жестоко удира со петицата по ногата од својот стол.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој седеше сосем исправен во својот стол, додека неговите моќни гради се издигаа и потреперуваа како да му се противставуваат на удар на бран.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кртот станува од својот стол. Доаѓа до клозетот. Погледнува внатре.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
А.А. седна на својот стол, смирен, дури по малку и расположен.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Еден друг стана од својот стол, му пријде на овега што си ја амка ногата и се спушти на колено пред него.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Малиот се врати и седна пак на својот стол. „Јана не е дома. Еве ти ги твоите златни копчиња и оди си.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ако таа седеше на својот стол, тој потскокнувајќи ќе дојдеше долу по патеката со својата опашка што беше како некој пердув, за да седне пред неа или да ѝ скокне во скут.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Судијата жолто човеченце со необилни очила од многубројно стакло, станува од својот стол со неверојатно висок потпир.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Машинестиот несигурно се исправи од својот стол; беше стар, побелен од бремето на годините.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога ја виде чинијата преполна со храна, што не чинеше само една круна, младичот просто отскокна од својот стол, на кој седнуваше секоја вечер.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Добија сила и кураж за одбрана. Везирот седна на својот стол и го повика поп Димитрија, најстариот меѓу сужните – Васила, Петка и Анѓа пред него да му ја кажат историјата за нивното праќање дури во Истанбул.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
По се изгледа добро живеат и нема зашто да му се поплачат на кадијата, кој често седеше со нив на кафе и ги пиеше порачаните од нив кафиња. Co влегувањето и двајцата направија темане, а кадијата стана и ги покани на еден од миндерлаците, а сам седна на својот стол и почна разговор. – Знаете ли што ве повикав, аџи? – Да чуеме, кади баба – одговорија во еден глас двајцата. – Да чуете, да чуете.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Везирот стана од својот стол и им се приближи: – Станете, бре ѓаури, станете да ми раскажете од каде идете и зошто? – им се обрна вкупно на сите чист каурскисрпски јазик.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се избистри работата дека таа област – Мариово е личен султанов хас и дека прилепскиот кадија навистина им правел зулуми на тие луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Меѓутоа во кујната, како и обично, беше мајка му седната во својот стол, меѓу масата и шпоретот, со рацете во скутот како мртви риби и истечен поглед кој не можеше да продре и низ најшупливиот ѕид а сепак блудеше вперен во некоја непостоечка иднина.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ми се пристори дека токму ова прашање упатено по сè изгледа кон мене најмногу ја збуни Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Навистина, во кого ќе се вљубиш?” Откако ја бакна во челото и се врати на својот стол Стариот писател погледна кон мене: “Кој ќе стане среќно вљубениот што толку нестрпливо ја очекувал смртта на нашиот пријател?“
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Еден од нив, во беспрекорна облека, со цвеќе во реверот, спокојно и сигурно седеше и течно разговараше со другиот човек, кој постојано ги прекрстуваше нозете, правеше гримаси, пелтечеше, постојано беше немирен чепкајќи си го носот, и се вртеше во својот стол.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Дури кога заврши разговорот, кога пациентот стана, се наклони и го напушти подиумот, јас сфатив дека д-р Мек Нивен беше човекот кого го сметав за пациент.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Џо седи на крај од својот стол и пие низ сламка кока-кола. Добро момче е Џо.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Судијата, жолто човеченце со необични очила од многубојно стакло, станува од својот стол со неверојатно висок потпир.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Ами што? - рече испитувачки гледајќи ме. - Седни, ми рече благо, понудувајќи ми го својот стол.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)