Дали е права Русија во своите тврдења?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Но Фројд не беше категоричен во своето тврдење – прифатив веднаш.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Прво, Шатев до крај останал на своето тврдење дека е Георги Манасов од Ќустендил, дека не учел во Солун.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Додека јас во продолжение на неколку недели го убедував Гарванов дека ниту Милан Арсов ниту Георги Богданов во времето на истрагата и пред Воениот суд не рекоа ништо што би го компромитирало, Иван Гарванов упорно продолжуваше со своето тврдење дека тој е жртва, дека настрадал поради предавство и сл.“ 195.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Неговите сугестии биле во правец британскиот политички естаблишмент да вложи напори со што би можело да се спречи тој тренд, бидејќи биле загрозени нивните интереси во Средоземјето, а посебно му сугерирал на Черчил да се договорат со грчкиот крал и на тој начин да се заштитат и обезбедат британските интереси и "грчките животни интереси".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа свое тврдење тој го поткрепувал со фактот дека и самите Британци кои го помагале ЕАМ работеле против себе.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
- Никогаш не го игнорирам сомнението - и овде го прекинав мојот одговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Си се препознал - го повтори своето тврдење Грофот но овој пат без да ме погледне. – Подобро е да ми веруваш мене одошто на сеништата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Од такви, историски причини, ние и овде, кај Иле Битолчанчето одржуваме сеќидневни расправи за несреќните настани од минатото - се јави најсетне Овчарот и почна да изведува некаква пантомима, нешто како обраќање кон толпата што само тој ја гледаше, а Мајката и Чауле најпрвин се смееја, потоа одобруваа, и најсетне ракоплескаа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- И Мајка го крена показалецот во знак на подршка на своите тврдења.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но и во таквата, релаксирана атмосфера, гостинот не отстапуваше од своите тврдења за вредносните особини на рацете на мајка ми.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)