Утредента тој ме поведе кон својата улица.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Мајка ми зборуваше тивко, додека чекоревме кон местото каде што очекуваше да ја види онаа Мајка Тереза од својата улица, но по нејзината голема мисија во светот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во рок од десетина минути, колку што трае возењето, Хорацио пред секој таксист го обликуваше својот, секогаш различен, портрет, во зависност од genius loci од каде што (божем) потекнува.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И така, во сончевите, доцни септемвриски претпладниња, писателот се шеташе, во куси пантолони и еспадрили, по својата улица „Алжирската“ и им отпоздравуваше на комшиите со едно ретко убаво чувство на блиска слава.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)