Тој не е свој човек – рече старецот, завршувајќи ја својата мисла.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сега лежел на десетина чекори од нив, без свој човек над глава, вдовец но со три снаи и десетина внучиња, сам, под дрипава гуња, мудро насмевнат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Бујрум, ага, на зијавет. Ќе те послужиме како свој човек, алах те благословил.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некој крај средниот оган споменал дека видовитиот Дмитар-Пејко, пред злата крв да му го покрие разумот, расправал долго и со благ занес во очите за благородноста на човекот, за дарежливоста на земјата, за силата на водата; секој збор на старецот бил светол и звучен, до проѕирност измиен со мудрост; прикаските имале подлабок корен и од самиот живот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Домаќинот без голема покорност покажа на софрата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сакаше што побргу да стане свој човек.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Пушти го, жено! Тој е свој човек и немој ти да му го солиш паметот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Овој, Ордан Голушка, потекнуваше од Ризеските, од сој како и Велјаноскиот, како и Бозоскиот и Бубичоскиот, мирен и незаинтересиран за политика.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа го сторија од грев за нив и од жал и обврска спрема својот човек.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во зоолошката градина, недалеку од тревното царство на пауните, од студентските дни Pavo kristatus, најдоа свој човек со смачкана глава. Без докази.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Наш си, маката секогаш кон свој човек носи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не гледа и дали свој човек ќе изгази.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако не друго, групата на Дарко секако ќе се потрудеше да го искористи Александар за да инфилтрира свој човек во Секретаријатот за информации.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Наш си, маката секогаш кон свој човек носи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ти си сега свој човек во туѓа земја. таму и природата е поинаква, без грубари, без горојадци.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Луѓето го слушаа тоа и го заборавија - и мудрото објаснување на попот за дојденец, не туѓинец што понекогаш ќе привлече љубопитност но не и свој човек за кого блиските секогаш ќе најдат в срце трошка разбирање.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во зоолошката градина, недалеку од тревното царство на пауните, од студентските дни Pavo kristatus, најдоа свој човек со смачкана глава. Без докази.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Затоа, секогаш кога се оди на работа треба на човекот да му се каже „со здравје“, бидејќи човек не знае дали ќе се види уште еднаш со својот човек, така велеше татко ми.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Иако, скитајќи некоја година по светот, бил оптимист, а имал и можности да стане свој човек.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тука, во оваа куќа ти си немоќен. Секаде можеш да бидеш свој човек, освен тука.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ќе биде свој човек.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Затоа сега дедот Стале многу се израдува кога му рече Петко оти сака да се запопи и му вети полна поткрепа со некоја и друга лира, бидејќи ќе прави добро на свој човек, кого сам тој го дотера до питачки стап, а од друга страна ќе се спаси од поп Спира да не му плаќа секоја служба бела меџудија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дури беа живи старите, се плашеше од нив да не доведат секој од својот „метох“ свој човек.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Оттука и сите селани — чорбаџии, се разбира, му беа познати на спаијата, а и тој ним, та и сега, кога им стана спаија, си идат како кај „свој човек“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе се обидуам, нема вајда, маж ми е над главата, — рече Доста и задоволно се насмевна, оти денеока ќe работи за својот човек.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се почувствува свој човек и порешително застана на своето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во длабините на своето битие не престануваше да го разбира и сака својот човек, да ја споделува со него и последната надеж за среќниот излез.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Целото лето тамошно што им работил по полските работи на Аџиовците и тие многу го честеле и гледале како свој човек.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Видел-невидел, газда Трајко попуштил пред непоколебливиот Прокопија, кој цврсто решил да стане свој човек.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ако ништо друго барем да го ослободи од непотребната загриженост, а и од обврската што ја чувствуваше тој кон неа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
По тоа, дека таа госпоѓа не најде начин да му се јави на својот човек.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Профим почесто навраќаше кај нив и тие го прибираа како свој човек, прашуваа за своето родно место, за селово, во кое сакаа повторно да се вратат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Треба да е празна за да ја окуќиш како што сакаш и да живееш како свој човек.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Мислиш Стево е уште дете. Јас сум свој човек.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Како нема да му даш на свој човек?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Не ме мајтапи сега и ти, - му замери Методија. - Сум ти кажувал како на свој човек: слушај ме, вели па ако дојдат нашите пандури ќе бидеш, од плата ќе живееш.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Веднаш да одите додека некој не ве испреварил... “ рече Васко и се сврте кон Еда: „Ти имаш со што да станеш свој човек. Не го гледај овој копук Марка...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Претпочитам да те отстапам на свој човек“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Предизвикот стана двоен зашто, најверојатно, оваа госпоѓа работеше во ЈугоМак каде што на авторот му беше потребен свој човек. Хм, какво совпаѓање!
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не заработувам кој знае што, ама свој човек сум...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се рекло дека, ако си го најдеш, најмногу од својот човек ќе си го најдеш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ти треба свој човек, што се вели, своештина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)