Сѐ повеќе ги притискала смртта на оние со кои пошле од своето бедно село што се споменувало само во даночната администрација или во беговските тефтери и се мачеле дури и на спиење од сеќавањето за вчерашните восочни лица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стануваше власт каква што попот не памтеше од своето бедно и босоного детство, власт за каква Геле Накотник можел само да слуша од постарите. на силата само една сила можеше да и го свитка грбникот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Со првата ноќ пак како во почетокот на патувањето се собирале околу огнови, не како некогаш - да раскажуваат доверливо што било во минатото, со што сакале да ги сокријат грижите за утрешнината, не, не, туку да се отворат загрижени еден пред друг за иднината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)