Им реков, и самиот тажен: - Кога месечината ќе се извлече од своето далечно гнездо, ќе се обидам да му ја вратам сенката на Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Можеби сенката имаше малку криви нозе и поголеми уши, но беше сенка и можеше да му ја врати радоста на несреќниот Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Пред да потоне во едно модрило, што му го преплавуваше целиот поглед, а после се расплинуваше и добиваше некакви крвави токови, помисли само уште дека она стреснување на окитот, што го виде во буките надвор, беше нешто, кое во некое свое далечно време, што сега воопшто немаше никаква врска со него, а сепак постоеше, тој го очекувал токму такво, дрвјата токму така да почнат да ги стреснуваат од себе тешките грутки снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)