Сега, прелистувајќи ја со денови својата толку долго посакувана енциклопедија со чие најново издание просто се гордееше, случајно наиде и се задржа, којзнае зошто, на единицата КУЧЕ.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Не, навистина морал нешто да преземе и да не дозволи синот негов некогаш, во огледалото, да ја открие насмевката на својот вистински татко.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Никако не му даваше можност тој да ја покаже својата толку многу голема готовност да биде сервилен, па мораше само да ја следи како некој виновник.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Се разбира, не знаеше што е тоа што тој ќе треба да го стори за својата толку мила Сандра.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Како тоа да ја комплетираше среќата што ја доживуваше со својата толку посакувана Летка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Којзнае колкава била изненденоста па и уплашеноста на Иван Степанович кога во очите на својот толку очекуван син наеднаш го открил погледот на Генералот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)