Свесен беше дека со тоа, а и со своето упорно практикување на новите пристапи во дијагностичката и тераписката практика сѐ повеќе се оддалечува од своите колеги, а пред сѐ од својот шеф, кои сите заедно не само што се каеја дарувајќи го со незаслужени титули и на тој начин го изедначиле да им биде (пак незаслужено) рамноправен, туку и сѐ погласно се обидуваа да го дискредитираат во лекарските кругови и да го прикажат како шарлатан од најдолен тип, кој со вербална вештина се претставува за она што не е.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не се клонеше повеќе од познати и пријатели.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Таа спиеше во налети како во бура, паѓајќи во плиток сон, од кој болката ја разбудуваше со своето упорно барање да биде будна, за да учествува и таа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Како резултат на своето упорно настојување да се ослободи од стегите на минатото заживеа слободно, волно, не женирајќи се од никого и ништо.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)