Така, на Најдо Пашалески, детето на Ица не само што не му пречеше туку го сакаше како свое зашто знаеше дека тој деца не може да има, а освен тоа нему жена му требаше да има кој да му ја гледа куќата, да му зготви, да го испере и да го закрпи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Единствено земјата си го имаше за свој зашто целиот живот ја газеше и лазеше, врзан за неа со табаните и со душата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)