Десно од патот се двоеше тесен каменист селски пат, кој што водеше направо под планината.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Но вечерта кога со Филип чекоревме по нерамниот селски пат неколку пати се препнав ненаучена да одам на штикли.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
„Само кога би замислила желба и кога би се одвезла со забревтаната кола по некој од оние селски патишта, обгардени со дабови дрвореди какви што беа некогаш, би го сторила ли тоа?“ инсистираше тој, гледајќи во неа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И ова нешто му се случи нему, на ѕидарот, на градителот на куќи, и тоа му се случи во светот во кој живееше, надвор, на периферијата од индустрискиот гигант, во рамното и еднолично село, обележано со вкрстени автопатишта и селски патишта, со бензински пумпи, што беа стратешки сместени на аглите на раскрсниците и трговските центри, таму каде што куќи никнуваа како печурки, оддалечени од нивите за компири.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Трчаа со пушките в раце по селски пат што минуваше меѓу високи ѕидови густо обраснати со скреби нафатени по дрвјата крај меѓуселскиот пат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Зад нас остана Трстеник – Трестеник и пред нас, од обете страни на селскиот пат, брануваат ли брануваат житата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)