Заедно со него го прокрстари и овој реон — мало Мариово, ги најде по Крушевица и Рапеш Стоја и Петка, си ги даде директивите како арамбаша на сите четири чети и пак прејде на Скаклевите воденици да „пашува" по Бзовиќ, Груништа, Старавина, Градешница, Полчиште и Бешиште.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Оттаму, откај вивките, во зиме, со самоделски или со купечки санки, седнати на штици или во корита, по цел ден се слизгаа децата и младежите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не потраја долго, низ селото се разнесе гласот на селскиот протуѓер: - Еј, селани!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Во случај на некоја општа закана по населбата во Потковицата, мобилизација, реквизиција на стока, на волна, или на житото, при пожар или поплава, сите тие наеднаш вивнуваа, ги потпалуваше селскиот протуѓер.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но не се појави таа ноќ никој, та утредента Арслан го испрати селскиот протуѓер Шиклата да го бара Сефедина, на кого му ја соопшти положбата, молејќи го веднаш да се врати со аскерот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)