септемвриски (прид.) - претпладне (имн.)

Наставничката предаваше, ја гледав внимателно, право в очи, веројатно мислеше дека сум многу заинтересиран, ама нејзините зборови летаа покрај мене и низ отворениот прозорец одминуваа надвор - во спокојното септемвриско претпладне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Часот ми беше здодевен и долг.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во едно топло септемвриско претпладне во дворот на ресторанот со бемве влегоа двајца средновечни луѓе кои веднаш се упатија кон брегот на реката, блиску до клупата на која седеше Таки Ников.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И така, во сончевите, доцни септемвриски претпладниња, писателот се шеташе, во куси пантолони и еспадрили, по својата улица „Алжирската“ и им отпоздравуваше на комшиите со едно ретко убаво чувство на блиска слава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во рок од десетина минути, колку што трае возењето, Хорацио пред секој таксист го обликуваше својот, секогаш различен, портрет, во зависност од genius loci од каде што (божем) потекнува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)