сефардски (прид.) - Евреин (имн.)

Дале драгоцен придонес во развојот на трговијата и занаетчиството, посебно во златарството, кожарството, винарството, угостителството, производството на свила и ткаенини, а не мал број од нив биле и угледни лекари, аптекари и банкари.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Охрабрен продолжив: - Во дел од мојот живот живеев со палестинското прашање, првин поетски (откако ја открив вашата поезија), па неочекувано дипломатски (откако станав амбасадор во Тунис првин при вашата палестинска Централа, а потоа и при прогласената независна држава Палестина) и на крајот како човек кој продолжува да го разбира другиот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓу моите најдобри пријатели на животот се и многумина сефардски Евреи од Скопје, од Франција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сефардските Евреи, доселени во оваа маало уште во средниот век, го носеле со себе и во себе јудеошпанскиот или ладино-јазикот, старошпанскиот јазик од времето на Колумбо и Сервантес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со хебрејскиот јазик се служеле рабините, додека во домашната употреба ретко бил практикуван.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сефардските Евреи во Скопје ќе ја донесат и својата религија, а во нејзина чест тука ќе ги подигнат храмовите Бет Јаков и Бет Ахарон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)