Зградите крај кои минуваа заедно престануваа да бидат само сиви зданија од цигли и бетон, дождот од кого се криеа по влезови паѓаше посвечено од некаква си кондензирана водена пареа, а кафето што го пиеја имаше поголемо достоинство од обична кафена течност со пена.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Константин З . се чувствуваше семоќен, гледаше во огромното сиво здание на поранешниот монопол и сам си го поставуваше прашањето: дали некој друг успеал цел еден етникум да затвори во една единствена зграда?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)