Тој беше огромен човек, со грива од мрсна сива коса, со обесено и збрчакно лице и со дебели црнечки бузи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во неговата сива коса беше Првата светска, Малоазиската, Акронафплија, Метаксасовата ренка и рицинусот, албанските планини, германската, судирот со ЕЛАС, планините и ридиштата на Кичевијата и Шар Планина и сега оваа...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Но колку и да сакав не можев да согледам никаков лик - се е само жолтеникава лелеавост, парче чело под сива коса, делче на издолженост помеѓу празно око и костенлива вилица, мртов чад од шупливост на ленена јака.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)