сигурен (прид.) - бев (гл.)

А сигурен беше дека постои. И пак бараше, и пак бараше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Моите зборови, сигурен бев во тоа, не допираа до неа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сигурни беа дека Брчалото кога-тогаш пак ќе се појави, можеби со уште поголемо фјучер за нив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Можев а морав, сакав а не бев сигурен, сигурен бев ама не знаев – знаев дека нема да заспијам, затоа и не легнав...“
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Ми беше познат, сигурен бев дека некогаш сум го чул, но што значи, никако не можев да се сетам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А сигурен бев дека пченка за пуканки имавме колку што ја сакавме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Луѓето, се разбира, немаа разбирање за мојата состојба, никој не можеше да сфати каква треска ме имаше зафатено, тие си го продолжуваа шетањето во три колони баш како моите скопски мравки, стаорци и лебарки, ништо за нив важно не можеше да се случи надвор од нивните корупки, сигурен бев.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не би знаел со сигурност да каже колку и какви чаши имаа, но сигурен беше во тоа дека имаа сервиси за секакви пијалаци.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не знам што се славеше, но сигурен бев дека ечеше познатата Смоук он д вотер, а некој од гостите силно го наруши континуитетот и ја рокна Сузана Газова од дивидито на мојата дневна соба.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)