силен (прид.) - бран (имн.)

Мака и гнев како подмолни силни бранови ја потресуваа малата Велева фигура.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од ветерот што ненадејно зафати, се возбуди езерото, зафатија силни бранови да се креваат, да бучат и да заплускуваат во карпата под манастирот; ветерот се нафрли и на дрвјата, ги виткаше, ги кршеше гранките менувајќи ја насоката: зафатија и грмотевици, и громови да удираат, првин подалеку, а потоа сè поблизу околу манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Истиот миг силен бран му го преплави целото тело, ежавејќи му ја кожата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нацртпил вода во едно шише и бргу-бргу додека не се затворил процепот на планината, тргнал да се враќа по гласот на ждребињата и кобилите кои меѓу себе 'ржеле и се довикувале; но токму тогаш кога почнал да се враќа со гемијата по езерото, се кренале силни бранови што скокале преку гемијата и му го однесле шишето со вода; кога се смирило езерото, царот им наредил на своите луѓе да скокаат во езерото и да го бараат шишето; но сè било попусто: шишето пропаднало на дното од езерото и никој не можел да го најде; и по смртта на царот, многу други цареви се обидувале да го најдат, но сè било залудно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Силни бранови почнаа да ме заплискуваат, да го носат моето бедно креветче, над мојата глава летаа изулавени птици.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таа непрестајно шумеше, бучеше, фрлаше силни бранови, ечеше сиот брег.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Му се ронеше срцето од силните бранови на тага и носталгија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)