силен (прид.) - ветриште (имн.)

Ама, некои силни ветришта ја однесоа маглата и по некое време од другата страна на пампурот слушаме силно и испрекинато рикање. Свиреа некои други пампури.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пејат петте жени, допејувам јас - со здружени сили си ги вардиме песните од големите далги и силните ветришта и утре нема да има – како во песната – срдење за сношната вечер.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Темни облаци ненадејно се натрупаа над планината, речиси се стемни, гората забуче, се кренаа силни ветришта, затрескаа громови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Крстовица го поправи веленцето, го префрли преку рамо, се наведна како да оди наспроти силни ветришта и појде по пустото правливо џаде.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)