силен (прид.) - емоција (имн.)

Совршена е мојата интимности ранливост, барам божествена инспирација за создавање силни емоции и бесмртност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ова би бил мојот совршен свет, достоен за една непоправливо романтична душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас знаев дека Партијата полека но сигурно целосно го обзема, и знаев низ кои фази поминува тој, оти јас тие фази ги имав веќе изминато: трансот при донесувањето на колективните одлуки, силните емоции во толпата, чувството дека припаѓаш на нешто многу силно и важно, дека правиш прометејски чекори за твојот народ; Земанек, поради Партијата не ме виде мене, Луција, жена од крв и месо, како што јас, поради Партијата не успеав да го видам Јан Лудвик.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се насетуваше во дадени моменти и ситуации предизвикани од нашите силни емоции (на деца растурени по светот кои постојано и постојано се враќаат дома, а таму постојано некој фали, го нема, заминал или залудно го чекаат) дека не баш го планирале бракот, арно ама се случило!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од нивната венчавка (регистрација) во Скопје, пред земјотресот во 1962 година, остана само споменот на две работи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но, да ја омаловажуваш љубовта е и да ја разблагородиш, да го разбиеш романтичниот монопол врз неа, да ја направиш пошироко достапна, да ја впрегнеш во разновидни општествени примени и да ѝ ставиш крај на спротивставеноста меѓу љубовта и општеството, меѓу љубовта и пријателството, меѓу среќната двојка и заедницата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Визијата за љубовта на геј-културата не е цинична.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, исто како што едно кампско гледиште на семејните судири овозможува став кон силната емоција што се отуѓува без да биде ниту скептичен ниту редуктивен, така и ефектот на свесно живеење на сопствениот љубовен живот како мелодрама значи негување светоглед кон љубовта кој е расчаран, но не и разочаран.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека е погубен за љубовта, камп-сензибилитетот е резултат и израз на самоспознанието на љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Креативната мисла придружена со силна емоција нé прави посилни, почисти, кон господа да веруваме во вистината вистината родена пред очи господови, пред сведокот со чиста несебична љубов љубов кон вербата и верата верата наша Христијанска.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)