Врз темниот оревов долап, над секакви дебели книги, препариран орел ширеше силни крилја; со отворениот клун ми го нишанеше срцето.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Оти, се случува птицата, кога ќе падне во стапица, да се задржи во неа само со едно нокте, па во тој случај не ѝ помагаат нејзе ниту силните крилја, ниту тоа што целата, освен ноктето се наоѓа надвор од мрежата, па така станува плен на ловецот.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На Милан повеќе му се допаѓаше кавалерскиот начин на петелот, кој се нафрла врз кокошката, ја приклештува на земја со своите силни крилја и канџи, и така ја остава сета растреперена и накострешена како да е ставена под туш.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)