силен (прид.) - отпор (имн.)

Новите економски практики на реапроприрање и преструктуирање на јавниот простор, заедно со 149 Benjamin H.D. Buchloch, “From Detail to Fragment: Décollage Affichiste,” October - Vol. 56 (Spring 1991): 100. 150 Naomi Klein, No Logo (London: Flamingo, 2000), 196. 151 Peter Sloterdijk, “Atmospheric Politics” in Making Things Public: Atmospheres of Democracy, ed. Bruno Latour and Peter Weibel (Cambridge, Mass.: MIT Press, 2005), 951. 118 отсуството на вистински јавна сфера дефинирано преку критички дијалог, ја зголемуваат нужноста и итноста за алтернативни дискурси на официјалниот во којшто доминира рекламирањето.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
- Двете чети - продолжи генералот - на 670-та единица под заедничка команда, на кои веднаш да им се обезбеди голема количина минуција и поддржани од голем број митралези и минофрлачи, да обезбедат силен отпор во текот на целиот ден и ноќ на 20 и 21 и без оглед на жртвите да ја бранат линијата Грамос - Скирца - Кафа - Суфљакас - Скала.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А токму тука може јавната уметност, од активистичкиот или политички ангажираниот тип, да понуди силен отпор кон структурите на моќта, како преку својата критика на комерцијалната злоупотреба на јавните простори така и преку преобликувањето на урбаниот пејзаж со истовремено надминување на старите просторни хиерархии и сегрегации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
При големиот развиток на новото течење и при силниот отпор од Бугарија, може да се очекува за него поддршка од страна на Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се пробиваше, со својата диплома, низ кревките државни институции во кои сѐ уште преовладуваше инерцијата на отоманскиот менталитет, колку и да беше силен отпорот кон него.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)