силен (прид.) - прегратка (имн.)

Тогаш обраќањето во храмот го завршив со зборовите: Народот на оваа земја, на Македонија, во храмот Света Софија, му го дари најсветото што може да му биде подарено на еден поет - неговата тивка светост и тишината на истрајбата во времето, како пристан на големиот Махмуд Дарвиш во враќањето од егзил во силната прегратка на човештвото...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја претставував поезијата на Махмуд Дарвиш во катедралната црква Света Софија во Охрид, како на заедничка молитва на обединетиот поетски свет, на еден вид свето заедничко присуство, според синтагмата на поетот Рене Шар.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Олеснувањето ѝ дојде кога ја почувствува силната прегратка на Томо, проследена со тивок шепот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бевме среќни што нашата коза е оплодена, ќе ни роди козле, но нај­среќни бевме што се спаси, без последици, од силната прегратка на Сталин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)