силен (прид.) - треска (имн.)

XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Веќе следниот ден се откри дека има силна треска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Хефестион добил силна треска, но отишол во театар, не водел пропишан живот.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
По што ѝ се обрати на газдарицата и ѝ рече: „А вие, мајчице, немојте да си го губите времето попусто, веднаш порачајте му сандак од чам, зашто од даб за него ќе биде прескап“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)