ситен (прид.) - дождец (имн.)

Тој ситен дождец, речиси целиот ден, беше нивен следбеник.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Прострев моето под ситниот дождец, за да го ороси, па тие лесни капки се разлеаа по него како ситни солзи , тркалајќи се удолу, покрај носот, ми ја заобиколуваа устата, низ брадата па сѐ до вратот, каде што како река течеа, се слеваа една до друга.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Следното утро, штом дојдоа на работа, почна да врне бавен, густ и ситен дождец.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Надвор почна да роси ситен дождец... Трајче стана и ја доближи главата до скршеното прозорче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ништо. Сѐ е совршено прво и последно. И овој ситен дождец, оваа дробна смисла ќе помине.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како и обично, дождот го заживуваше мирисот на пушена риба и колбаси во тапацирот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бевме паркирани со Рамблерот во ќорсокакот на една улица со фабрики која беше нашата „патека на љубовниците“, слушајќи како ситен дождец и суви лисја ја прскаат хаубата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Радиото беше претивко за да се слуша, бришачите шушкаа од време на време како да се возевме, а прозорите беа замаглени како да водевме љубов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)