скопски (прид.) - кале (имн.)

Од левата страна на бујната и пенлива река Вардар е старото скопско Кале.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Садила мома крај море лозје, ем го садила, ем го плакала: „Ој, лозје, лозје, со бело грозје, јазе те садам, кој ќе те бере...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Преку сцената пат за Водно, покрај патот густо дрвје, од далеку се гледаат темноцрвени покриви од градските куќи и врвови од дрвјата, над кои се извишува скопското кале.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Скопските раскази немаат претензија да бидат сеопфатен приказ на сите раскази воопшто, напишани во чест на градот под скопското Кале, кој лирски тивко пулсира со своите мали сништа на двата брега од реката Вардар, а веројатно нема да го понесат ни епитетот „прв” и „единствен” проект од ваков тип.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)