скорешен (прид.) - посета (имн.)

Откако му ја предадов пораката на тогашниот сојузен секретар за надворешни работи на СФР Југославија Будимир Лончар, известувајќи го за скорешната посета и за бараната средба со него и неговите соработници, Јасер Арафат ја прочита набрзина пораката и веднаш рече: - Секогаш ни се драгоцени средбите со југословенските раководители!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не забораваше да рече: - Ова е чист мед, од палестинските планини...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓутоа, скорешната посета на федералниот министер за надворешни работи повеќе се должеше на неговата официјална посета на Тунис по падот на бургибизмот, отколку на некоја посебна иницијатива.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше дел од ритуалот при позначајните средби Арафат да се консултира, како и секогаш со една од водечките земји на неврзаните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)